На дебатата со претседателските кандидати на МТВ, во однос на безбедноста на државата претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов изјави дека Македонија е потполна безбедна освен при поединечни случаи со кои се прави обид за дестабилизација на државата.
Тој истакна дека во времето на СДСМ воопшто немало координација меѓу службите на безбедноста и одбраната и дејствувале според план од 1993 година.
– Сите институции работат во согласност со измените за состојбите со кризи, имаат меѓусебна координација и софистицирана опрема во која е инвестирано. На тој начин се дибиваат сите потребни информации за безбедноста на државата – потенцираше Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



