Се работи за автомобил кој под хаубата го има веќе докажаниот мотор од 5,5 литри со осум цилиндри со два турбополначи, кој испорачува 585 коњски сили со обртен момент од 900 њутн-метри. Силата на моторот се пренесува на задната оска преку седумстепен автоматски менувач, а со доплата може да се добие и погон на сите четири тркала.

Опцијата со погон на четири тркала испорачува сила во однос 33/67 проценти, каде што се става акцент на задните тркала. Освен подобрени возни својства во сите услови на патот, овој систем се дополнува со приспособлива воздушна суспензија и со електронски системи за контрола на пролизгувањето и на наклонот во кривина.

Новиот модел С63 АМГ купе е полесен за 65 килограми од неговиот претходник, со што забрзувањето до 100 километри на час изнесува 4,3 секунди, а со погон на сите четири тркала е 3,9 секунди. Максималната брзина електронски е ограничена на 250 километри на час.

Официјалната презентација на овој автомобил се очекува на претстојниот Саем за автомобили во Њујорк, кој ќе се одржи следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


