| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјани членови на Ал Каеда – Може ли Сирија да ни дојде дома?

Пос­лед­ни­от ин­ци­дент во тур­ска­та про­вин­ци­ја Ана­до­ли­ја, кој се слу­чи на 20 март, а во кој при обид да иден­ти­фи­ку­ва­ат по­врат­ни­ци од си­ри­ски­те бо­и­шта беа уби­е­ни двај­ца при­пад­ни­ци на тур­ски­те без­бед­нос­ни служ­би и еден ци­вил, по­втор­но ја отво­ри те­ма­та за ра­ди­кал­ни­те при­пад­ни­ци на ор­га­ни­за­ции, кои по вра­ќа­ње­то до­ма се по­тен­ци­јал­на опас­ност за на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност. Ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми во втор­ни­кот об­ја­ви­ја де­ка еден од трој­ца­та уап­се­ни во Тур­ци­ја е ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин. Спо­ред соз­на­ни­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“, ме­ѓу уап­се­ни­те има уште еден ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин и еден Ко­со­вец со швај­цар­ски па­сош

Двај­ца­та ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни, кои се во бли­ско сродс­тво, и Ал­ба­нец од Ко­со­во па­ту­ва­ле кон Ма­ке­до­ни­ја ко­га би­ле за­пре­ни за про­вер­ка, по што поч­на­ле да стре­ла­ат во без­бед­нос­ни­те опе­ра­тив­ци. Тур­ска­та по­ли­ци­ја ве­ќе об­ја­ви де­ка еден од нив е Му­ха­мед За­ки­ри од охрид­ски­от ре­ги­он, вто­ри­от е Чен­дрим Ра­ма­да­ни од Швај­ца­ри­ја, но по по­тек­ло од Ко­со­во, а до­се­га не е об­ја­вен иден­ти­те­тот на вто­ри­от ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин, кој твр­дел де­ка во тур­ски­те по­ли­цај­ци стре­лал Ко­со­ве­цот.

Во втор­ни­кот, на 25 март, тур­ски­те спе­ци­јал­ни си­ли спро­ве­ле ак­ци­ја и во истан­бул­ска­та на­сел­ба Умра­ние, ка­де што би­ле по­вре­де­ни двај­ца по­ли­цај­ци и двај­ца ис­лам­ски акти­ви­сти. Ра­ди­ка­ли­те се дел од ор­га­ни­за­ци­ја­та Ис­лам­ска др­жа­ва на Ирак и на Ле­вант (ИСИЛ), ко­ја се сме­та за про­дол­же­на ра­ка на Ал Ка­е­да. Двај­ца­та уап­се­ни во ак­ци­ја­та во Истан­бул , маж и же­на, се по­вр­зу­ва­ат со прет­ход­но­то убис­тво на тур­ски­те по­ли­цај­ци од гру­па­та на ма­ке­дон­ски­от др­жав­ја­нин Му­ха­мед За­ки­ри, кој, исто та­ка, тур­ски­те служ­би ди­рект­но го по­вр­зу­ва­ат со гру­па­та ИСИЛ на Ал Ка­е­да. Спо­ред не­по­твр­де­ни ин­фор­ма­ции, во опе­ра­ци­и­те на тур­ски­те вла­сти за пре­срет­ну­ва­ње ис­лам­ски ра­ди­ка­ли при влез и из­лез од Си­ри­ја се вклу­че­ни и европ­ски­те без­бед­нос­ни служ­би и на­ци­о­нал­ни­те аген­ции на си­те бал­кан­ски зем­ји.

 

По­тра­га­та по по­тен­ци­јал­ни ек­стре­ми­сти трае две го­ди­ни

Европ­ски­те из­ве­сту­вач­ки служ­би и Евро­пол ве­ќе две го­ди­ни ги ко­ор­ди­ни­ра­ат актив­но­сти­те за спре­чу­ва­ње транс­фер на ис­лам­ски ра­ди­ка­ли од Евро­па во Си­ри­ја, а во таа актив­ност актив­но се вклу­че­ни и без­бед­нос­ни­те служ­би на си­те зем­ји што има­ат ас­пи­ра­ции за членс­тво во ЕУ, вклу­чи­тел­но Ма­ке­до­ни­ја и Тур­ци­ја. Тур­ски­те вла­сти по­долг пер­и­од во со­ра­бо­тка со сво­и­те ко­ле­ги од ре­ги­о­нот ра­бо­тат на иден­ти­фи­ка­ци­ја на лу­ѓе што ве­ќе би­ле на си­ри­ски­те бо­и­шта и пла­ни­ра­ат да за­ми­нат по­втор­но. По­крај Ко­со­во, Ср­би­ја и Ма­ке­до­ни­ја, во опе­ра­ци­ја­та за иден­ти­фи­ка­ци­ја глав­на цел е Ал­ба­ни­ја, ка­де по на­лог на Евро­пол бе­ше спро­ве­де­на за­ед­нич­ка европ­ска ак­ци­ја за гру­па по­вр­за­на со му­џа­хе­дин­ска­та мре­жа во Ал­ба­ни­ја. Но мре­жа­та што да­ва­ла ло­ги­стич­ка, иде­о­ло­шка и фи­нан­си­ска под­др­шка на чле­но­ви што се бо­ре­ле во те­ро­ри­стич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја Ал Ну­сра не за­пи­ра на гра­ни­ца­та со Ма­ке­до­ни­ја, пре­ку ко­ја про­дол­жу­ва мар­шру­та­та до источ­на­та тур­ска гра­ни­ца, ка­де што ра­ди­ка­ли­те вле­гу­ва­ат во Си­ри­ја. За Ма­ке­до­ни­ја е ин­те­рес­но тоа што ре­гру­ти­ра­ње­то и ин­до­ктри­на­ци­ја­та на по­тен­ци­јал­ни­те чле­но­ви на ис­лам­ски­те во­е­ни гру­пи во Си­ри­ја се вр­ши во по­гра­нич­ни­от дел, од­нос­но во оп­шти­на­та Кор­ча, во гра­до­ви­те По­гра­дец и Ли­бражд.

 

Му­ха­мед За­ки­ри по­ка­жу­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е иму­на на со­стој­ба­та во Сирија

Истра­га­та на ал­бан­ско­то об­ви­ни­телс­тво, ко­ја по­ка­жа де­ка 14 уап­се­ни ли­ца во истра­га­та ус­пе­а­ле во си­ри­ски­от конф­ликт да ис­пра­тат 70 ал­бан­ски мус­ли­ма­ни, не про­го­во­ри јав­но за по­вр­за­ност со слич­ни ор­га­ни­за­ции и гру­пи во окол­ни­те зем­ји, Ма­ке­до­ни­ја, Ко­со­во, Цр­на Го­ра и Ср­би­ја (Сан­џак), но по­со­чи де­ка тие во Си­ри­ја па­ту­ва­ле пре­ку Ма­ке­до­ни­ја. По­точ­но, спо­ред ал­бан­ски­те вла­сти, отка­ко би­ло за­вр­ше­но ре­гру­ти­ра­ње­то во Ал­ба­ни­ја и лу­ѓе­то би­ле под­го­тве­ни да за­ми­нат во Си­ри­ја, тие би­ле пре­че­ка­ни во Ма­ке­до­ни­ја, но не се по­со­чу­ва од ко­го. По­доц­на пре­ку Бу­га­ри­ја и Тур­ци­ја стиг­на­ле во Си­ри­ја.

За­се­га не­ма ин­фор­ма­ции де­ка европ­ски­те без­бед­нос­ни служ­би или ма­ке­дон­ски­те вла­сти вр­шат истра­га слич­на на ал­бан­ски­те ин­сти­ту­ции, но ако се спо­ре­дат број­ки­те на за­ги­на­ти ал­бан­ски и ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни во Си­ри­ја, ќе се дој­де до зак­лу­чок де­ка за та­кво не­што и тоа ка­ко има по­тре­ба. Нај­мал­ку осум ал­бан­ски и нај­мал­ку че­ти­ри ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни до­се­га за­ги­наа во бор­би­те про­тив си­ли­те на Асад.

 

Ѓа­во­лот ја од­не­се ше­га­та

Тоа што го по­ка­жу­ва ал­бан­ска­та истра­га и ак­ци­ја е де­ка, за раз­ли­ка од пред ед­на го­ди­на, ко­га европ­ски­те ин­сти­ту­ции сѐ уште не беа на­чи­сто ка­ко да се по­ста­ват кон опас­но­ста од по­врат­ни­ци­те, се­га во Бри­сел има и чи­сти про­це­ду­ри и опе­ра­тив­ни ме­ха­низ­ми за таа бор­ба.

Од пос­лед­ни­те ак­ции, јас­но е де­ка ЕУ поч­на ин­тен­зив­но да ба­ра спро­ве­ду­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни­те об­вр­ски за бор­ба про­тив те­ро­риз­мот во сог­лас­ност со ре­зо­лу­ци­и­те на ОН. Пр­ва­та фа­за во спро­ве­ду­ва­ње на об­вр­ски­те е ба­ра­ње­то ин­фор­ма­ции од зем­ји­те што се нај­го­ле­ми из­воз­ни­ци на ис­ла­ми­стич­ки ра­ди­ка­ли за иден­ти­фи­ку­ва­ње ли­ца што во­ју­ва­ат во Си­ри­ја на стра­на на две­те те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции Ал Ну­сра и ИСИЛ (во сог­лас­ност со ОН) и нив­на опе­ра­тив­на обра­бо­тка.

Од на­ци­о­нал­ни­те за­ко­но­дав­ства, за­се­га јав­но се знае са­мо за Ал­ба­ни­ја и за Бос­на и Хер­це­го­ви­на, се ба­ра за­кон­ска ак­ци­ја про­тив инс­пи­ри­ра­ње и ре­гру­ти­ра­ње ли­ца за чле­но­ви во те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции и мре­жи, ка­ко и член­ки на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции и мре­жи.

ЕУ од си­те зем­ји што се по­тен­ци­ја­лен из­воз­ник на ра­ди­ка­ли ба­ра и кон­тро­ла на фи­нан­си­и­те на ор­га­ни­за­ции што се дел од овие мре­жи. Ед­на од об­вр­ски­те на зем­ји­те, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја, мо­же да би­де и соз­да­ва­ње та­ка­на­ре­че­на цр­на ли­ста, ко­ја има прав­на ос­но­ва во ре­зо­лу­ци­и­те на ОН, а во ко­ја ќе би­дат за­пи­ша­ни си­те ли­ца што се при­пад­ни­ци на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции и мре­жи.

Пре­ку овој си­стем под­го­твен од Бри­сел, а спро­ве­ден со ло­ги­стич­ка и ин­фор­ма­тив­на под­др­шка од Евро­пол и од не­кои на­ци­о­нал­ни служ­би за без­бед­ност, служ­би­те во ре­ги­о­нот ќе би­дат во по­до­бра кон­ди­ци­ја да иден­ти­фи­ку­ва­ат да­ли нив­ни др­жав­ја­ни се при­пад­ни­ци на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции и мре­жи и да­ли има­ат ка­ков би­ло кон­такт со не­ка­кви скри­е­ни или по­лу­јав­ни ор­га­ни­за­ции, кои се под кон­тро­ла на поз­на­ти­те те­ро­ри­стич­ки стру­кту­ри. Со под­др­шка од европ­ски­те парт­не­ри, на­ци­о­нал­ни­те служ­би ќе мо­жат мно­гу по­лес­но да бло­ки­ра­ат фи­нан­си­ски транс­ак­ции или средс­тва на ва­кви ор­га­ни­за­ции.

Со си­сте­мот мо­же зна­чи­тел­но да се по­до­бри и ка­па­ци­те­тот на на­ци­о­нал­ни­те служ­би за откри­ва­ње тра­ги и до­ка­зи за учес­тво на бор­ци­те од Бал­кан во те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции и мре­жи (ка­ко во слу­ча­јот со Си­ри­ја, Је­мен, Со­ма­ли­ја).

Со по­мош од Бри­сел, исто та­ка, па­ра­лел­но се по­до­бру­ва­ат ка­дров­ски­те, фи­нан­си­ски­те и ор­га­ни­за­ци­ски­те ка­па­ци­те­ти на до­ми­цил­ни­те служ­би на те­ри­то­ри­и­те ка­де што опе­ри­ра­ат те­ро­ри­стич­ки­те ор­га­ни­за­ции и мре­жи.

Евро­пол пре­ду­пре­ду­ва

Во Европ­ска­та уни­ја има не­кол­ку ни­воа на кои се тре­ти­ра оваа проб­ле­ма­ти­ка, ко­ја ги за­гри­жу­ва си­те член­ки. По­крај Жил де Кер­шо­в, ко­ор­ди­на­то­рот за ан­ти­те­ро­ри­зам, кој е дел од ка­би­не­тот на Ке­трин Ештон, прет­став­нич­ка­та на ЕУ за за­ед­нич­ка над­во­реш­на и без­бед­нос­на по­ли­ти­ка, на ова по­ле се актив­ни и Европ­ска­та по­ли­ци­ја (Евро­пол) и ко­ме­са­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти на ЕК, Се­си­ли­ја Мал­стром.

Го­диш­но Евро­пол ко­ор­ди­ни­ра 12.000 пре­ку­гра­нич­ни истра­ги. Пре­ку Евро­пол се ко­ор­ди­ни­ра раз­ме­на­та на раз­уз­на­вач­ки ин­фор­ма­ции ме­ѓу по­ли­ци­и­те, ца­рин­ски­те упра­ви и без­бед­нос­ни­те служ­би на член­ки­те и на дру­ги зем­ји. Евро­пол ги ко­ор­ди­ни­ра си­те на­по­ри за од­го­вор на се­ри­оз­ни кри­ми­нал­ни и те­ро­ри­стич­ки опе­ра­ции во Евро­па, ка­ко тр­го­ви­ја со дро­га, те­ро­ри­зам, тр­го­ви­ја со лу­ѓе, про­ли­фе­ра­ци­ја на оруж­је, ки­бер­нет­ски кри­ми­нал, пер­е­ње и фал­си­фи­ку­ва­ње па­ри.

Ми­на­та­та го­ди­на Евро­пол пре­ду­пре­ди де­ка конф­ли­ктот во Си­ри­ја овоз­мо­жу­ва ус­ло­ви за раз­вој на кон­текст во кој ид­ни ра­ди­ка­ли, ми­ли­тан­ти и ре­ли­ги­оз­ни фа­на­ти­ци би мо­же­ле сво­и­те те­ро­ри­стич­ки на­па­ди да ги вр­шат и во Евро­па.

Во сво­и­те на­по­ри да на­мет­не ат­мо­сфе­ра на вни­ма­тел­ност, се­пак пр­ви­те лу­ѓе на ЕУ има­ат проб­лем со одре­де­ни член­ки или кан­ди­да­ти, кои по­ра­ди свои на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си под­др­жу­ва­ат ис­пра­ќа­ње ми­ли­тан­ти во Си­ри­ја да се бо­рат со се­ку­лар­на­та власт на Асад. Во Евро­пол се уве­ре­ни де­ка еден ден исти­те тие што пре­ку европ­ска те­ри­то­ри­ја при­стиг­на­ле да во­дат вер­ска вој­на во Си­ри­ја, ќе се вра­тат во иста­та таа зем­ја и ќе ста­нат за­ка­на за без­бед­но­ста. Во из­ве­шта­јот об­ја­вен ми­на­та­та го­ди­на се ве­ли де­ка во член­ки­те на ЕУ во 2012 го­ди­на се из­вр­ше­ни 219 ус­пеш­ни или не­ус­пеш­ни те­ро­ри­стич­ки ак­ции, што е за 26 про­цен­ти по­ве­ќе од 2011 го­ди­на, ко­га би­ле за­бе­ле­жа­ни 174 ва­кви ак­ции.

 

(Пишува: Горан Момироски
Текст објавен во 82. број на неделникот „Република“, 28.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top