Најмалку 23 лица се убиени во судирите меѓу ривалски семејства во градот Асуан, во јужниот дел на Египет, соопштија денеска египетските власти.
Двете страни во пресметката користеле огнено оружје и „молотови коктели“, се наведува во соопштението на египетското Министерство за внатрешни работи.
Повод за пресметката биле навредливи графити на ѕидовите на училиштето, кои ги напишале учениците од скараните семејства, наведуваат безбедносните власти.
Претставникот на здравствената служба во Асуан, Мухамед Сорур, рече дека 23 лица се убиени, а 31 се хоспитализирани.
Гувернерот наредил 17 локални училишта утре, прв работен ден во неделата во Египет, да ја откажат наставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



