| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Програмата ја подготвивме со пресметки и идеи од граѓани и експерти

Gruevski-na-konvencija-mart2014-1

– Тешко се стекнува доверба, а лесно се губи. Затоа новата програма ја подготувавме многу внимателно – изјави Никола Груевски најавувајјќи ја вечерашната промоција на програмата за парлементарните избори.

Tој посочи дека во програмата се наведени 2046 проекти со кои Македонија ќе оди напред. Истовремено откри дека за составување на новата програма работеле со граѓани и експерти прифакајќи ги нивните идеи.

– Програмата ја подготвувавме со пресметки, многу собрани луѓе, експерти. Собиравме многу идеи од сите страни, од граѓани, од експерти од Македонија и од странство. По многу анализи ја составивме таа програма со 2046 проекти за граѓаните на Република Македонија. Ние знаеме дека најголем проблем во Македонија се економијата и невработеноста. На тоа сме најмногу насочени и досега и ќе останеме најмногу фокусирани во идниот период – рече Груевски.

Програмата ќе биде промовирана вечерва на голем митинг на скопскиот плоштад „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top