
Гостиварката Е.А. (41) тешко ја повредила својата 15-годишна ќерка удирајќи ја со возилото кое го управувала. Девојчето е згрижено на скопските клиники со скршеници на двете раце, јави дописникот на МИА од Гостивар.
Според СВР Тетово, незгодата се случила синоќа околу 19 часот на улица во селото Балиндол. Мајката се обидувала да го паркира возилото „голф“, а ќерката ѝ покажувала правец. Во еден момент, додека возела наназад, девојчето било удрено и се нашло под тркалата.
По незгодата, повредената е згрижена во гостиварската општа болница, по што, поради тежината на повредите, е пренесена на скопските клиники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


