В понеделник, на 07 април, од печат излегува новиот роман „Атлас на облаците“ на современиот британски писател Дејвид Мичел во издание на „Или-или“. Преводот на книгата е на Ацо Пероски, илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, а дизајнот е на бригада.мк. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од европската програма за култура 2007-2013 и од Министерството за култура на РМ.
Ова е 90. наслов во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“ од Скопје, која до крајот на годинава ќе го издаде и јубилејниот, 100. наслов, на задоволство на домашната читателска публика.
„Атлас на облаците“ е замислен и компониран како музичко дело – секстет во кој се преплетуваат шест гласа, шест приказни кои меѓусебно се надоврзуваат и дополнуваат на уникатен начин. Дејвид Мичел генијално си поигрува со книжевните жанрови, со техниките на раскажување, со просторот и времето, со политиката и естетиката – и тоа со една единствена цел: да ја отслика вечната борба меѓу надежта и нихилизмот, меѓу уништувањето и креирањето.
Во секој поглед, „Атлас на облаците“ е уникатно и незаборавно книжевно доживување и денес, десет години по неговото прво објавување во 2004 година, важи за едно од највпечатливите дела во светската книжевност на 21 век.
„Атлас на облаците“ веќе цела деценија е еден од најуспешните бестселери во светот, а во 2013 година беше адаптиран и во игран филм. Дејвид Мичел е еден од највпечатливите „нови гласови“ во современата британска книжевност. Роден е во 1969 година во Англија, а живеел во Италија, Јапонија и Ирска. Автор е на пет романи и добитник на голем број меѓународни литературни признанија. Книжевната критика особено ги издвојува неговите романи „број9сон“ (2001), „Атлас на облаците“ (2004) и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ (2010) како исклучителни книжевни дела кои се одликуваат со стилска, тематска и естетска впечатливост. Новиот роман на Мичел, „Коскени часовници“, ќе биде објавен кон крајот на 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст