| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје кај Цедевита за мирна завршница на Јадранската лига

Во предходните два дена следевме разврска во домашната лига, а денеска сме посветени на регионалното кошаркарско натпреварување

Откако вчера Фени во продолжение беше подобар од Куманово (93-91), а Лирија слевеше со Струмица (88-82), што ги смести двата победника на делба на второто место на табелата зад Кожув и му остави шанси на Работнички за Супер лигата, денеска се насочуваме кон МЗТ Скопје и Јадранската кошаркарска лига.

Аеродромци во 21 коло играат кај Цедевита, мечот во Загреб започнува до 17 часот и без оглед на исходот нема да има поместување за нашиот претставник од средината на рангирањето. МЗТ Скопје во моментов е на осмото место со 10 победи и исто толку порази, и единствено на што може да се надева е скок за една позиција. Сосема поинаква е ситуацијата на Цедевита која со биланс 12-8 има потреба од триумф кој ќе ја приближи во Фајнал фор турнирот од АБА натпреварувањето.

Кај домаќините ќе го нема нашиот репрезенативец Владо Илиевски, во таборот на скопјени Алеш Пипан повторно е без Урош Николиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top