
Сабота ќе започне со мала до умерена облачност во поголем дел од земјата, но попладнето ни донесува нов бран на врнежи во западната половина од земјата. Овој бран врнежи ќе се шири во текот на вечерта и ноќта кон исток. Според прогнозата на Метеопро, дождот ќе биде локално проследен и со грмежи. Позначителна количина на врнежи може да се очекува во западните и јужните региони.
Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура низ котлините ќе има вредност во границите помеѓу 6°С и 10°С.
Денот ќе биде релативно топол со дневен максимум на температурата кој ќе биде во дијапазонот помеѓу 17°С и 19°С во поголем дел од котлините. Во Скопје се очекува умерена облачност претпладне. Доцна попладне и во текот на вечерта се очекуваат врнежи од дожд со можност за појава и на грмежи. Минималната температура ќе има вредност околу 7°С, а максималната околу 18°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


