-Со напорни реформи дома и отвореност кон надвор, успеавме да создадеме поволна бизнис-клима и да привлечеме странски инвеститори. Градиме патни и енергетски коридори. Имаме стратешки цели со стратешка инфраструктура, порача вечерва претседателот и кандидат за уште еден мандат, Ѓорге Иванов.
-Го доградуваме Коридорот 10. Ја внесовме Македонија во плановите за гасоводот „Јужен тек“. Наскоро ќе имаме вистински европски автопат од Куманово до Гевгелија, од северната до јужната граница на Македонија. Се гради пругата Куманово – Бељаковце, потоа ќе се продолжи сè до границата со Република Бугарија! Се гради низ цела Македонија! Стратешките цели се постигнуваат и со стратешка инфраструктура за Република Македонија! Вака се постигнуваат европски стандарди.Работевме домаќински, и јас и тимот, кој ме поддржува. Не заборавивме на нашите граѓани. Секаде се работи, се гради. Се градат и се реновираат училишта, болници, спортски терени, фудбалски игралишта. Речиси секаде се отвораат технолошко-индустриски развојни зони, привлечни за инвеститорите. До крајот на годината се очекуваат 14 илјади вработени во тие индустриски зони. Државата помага секому. И на земјоделците, и на професионалните војници, и на пензионерите, и на стечајците, и на учениците, и на студентите – истакна Иванов.
Тој посочи дека државата помага секому затоа што економијата расте. Растат субвенциите за земјоделците, расте производството, расте извозот. Растат пензиите, расте и социјалната помош, растат и стипендиите за студентите. Се гледа напредок.
-И она што најмногу нè загрижуваше, што со децении не се поместуваше почнува да се топи – невработеноста. Најголемата болка за македонските граѓани, за македонската економија, за македонската држава. Се справуваме со неа, ја намалуваме. Тоа е голем мотив за сите нас, да продолжиме со уште поголемо темпо. Од 2006 година, кога дојде оваа млада гарнитура, предводена од Груевски, се отворени 120.000 работни места во Македонија. Затоа ги поддржувам. Им давам поддршка за да се создадат уште нови работни места, за економијата уште повеќе да расте. За сите проекти кои носат напредок, кои носат подобар живот за нашите сограѓани. Кога посетувам други земји, со мене во придружба доаѓаат министри од Владата, директори на агенции, за заедно да ги промовираме македонските можности. Доаѓаат и претставници на бизнис-заедницата, стопанственици. Државата и стопанството заедно! Заедно да ја промовираме Македонија како земја во која се успева. И најрелевантните светски извештаи потврдуваат дека Македонија напредува, и тоа во услови на најголемата светска економска криза – истакна Иванов.
Тој посочи дека напорната работа е она што доведува до голем успех. Вели, успеваме , бидејќи напорно работиме, бидејќи сме единствени. Македонија успева, бидејќи знаеме што сакаме.
-Работев посветено и вредно за Македонија, и граѓаните тоа го препознаваат. Имам чист образ да дојдам пред вас и да ја побарам вашата поддршка, за заедно да продолжиме да ја градиме Македонија. Ве повикувам сите вас, сите граѓани, заедно, побргу да ги оствариме целите што се заеднички, што го обединуваат целото македонско општество:Европа во Македонија и Македонија во Европа, Држава и економија кои создаваат нови работни места, Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите – посочи Иванов.
Тој уште еднаш ги повтори своите слогани и посочи дека изборот е Македонија бидејќи државата за него е пред се!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица



