Ова е тимот кој успева. Ова е тимот кој не потклекнува и не ја витка кичмата.Така било, така и ќе биде се додека ве имаме вас, а вие нас.Се додека функционираме како еден. Вака министерката Јанкуловска го започна своето обраќање на митингот на промоција на Иванов во Куманово.
-„Гордо и Достоинствено“, „Државата пред се“, Има ли зборови што подобро го опишуваат Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Постои ли парола која подобро ќе ја отслика неговата философија и начинот на работење во изминативе 5 години. Изминатиов период со Претседателот Иванов минавме и низ добро и низ зло. Се соочивме со многу сериозни искушенија и ризици. Можам да кажам дека буквално во секој момент Претседателот Иванов се однесуваше како вистински Врховен командант на Армијата на Република Македонија. Храбро и бескомпромисно кога е во прашање Република Македонија. Тоа е Ѓорге Иванов. Безбедноста на граѓаните и заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија за него беа и останаа прв приоритет – истакна Јанкулоска.
Таа направи споредба меѓу Иванов и неговиот противкандидат Пендаровски. За кандидатот на СДСМ истакна дека е човек кој го советуваше Црвенковски при носењето на најкатастрофалните одлуки.
-Кого имаме од другата страна? Човекот кој му беше десна рака на Црвенковски при носењето на најкатастрофалните одлуки. Човекот кој го советуваше и за катастрофалната територијална поделба и човекот кој го советуваше да се калкулира со сите кризи и да се толерираат сите безбедносни закани врз Република Македонија, како онаа на кондовската група. Тој не е и не може да биде ниту мој, ниту ваш Претседател. Деновиве на телевизија Алсат, советници на Црвенковски од албанскиот блок, најавуваат дека не е исклучено албанците и ДУИ во вториот круг да го поддржеле Пендаровски. Знам дека очајно му треба каква било поддршка. Знам дека ниту тој, ниту лидерите на неговата партија имаат образ да излезат и да се соочат со вас и од вас да ја побараат поддршката. Но ајде да му порачаме, од тука, од Куманово, дека помина времето кога преку пазарење со државните интереси, без да бидете Вие прашани, некој може да се дограби до највисоката функција и да носи одлуки во ваше име – порача Јанкулоска од Куманово.
Министерката за внатрешни работи истакна дека е горда што ја има оваа функција во време кога Иванов е претседател на Македонија бидејќи со него имале одлична соработка и заедно работеле во тим.
-Благодарение на единството кое го демонстрираме, благодарение на чесниот и искрен пристап, Република Македонија не само што излезе без последици од најголемата светска економска криза, туку во низа полиња забележавме огромен напредок. Во екот на кризата кога се укинуваа работни места и пропаѓаа огромни компании, благодарение на соработката со Претседателот Иванов успеавме да привлечеме нови странски инвестиции и да отвориме нови 120.000 работни места. Холандската компанија Стил кон инвестираше 3,5 милиони евра во погон за челични конструкции токму во Куманово. Една од најголемите Украински компании за преработка на бакар минатиот месец донесе одлука за инвестиција вредна 200 милиони долари која ќе обезбеди работа за 500 лица. Една од веќе доделените концесии е токму во Старо Нагоричане, а доколку се тече според планот, фабриката ќе стартува со работа на крајот на наредната година. Благодарение на несебичниот ангажман на Претседателот Иванов беше изградена и делницата Куманово-Табановце која заедно со клучките чинеше околу 13,5 милиони евра. Претседателот Иванов секогаш застануваше зад Владините проекти, не заради демонстрирање на некакво наметнато единство, туку пред се заради тоа што истите беа во полза на граѓаните. Со проектот „домување за социјално ранливи групи“ во Куманово ќе се проектираат 68 станови, а се инвестираше и во реконструкција на училишта и изградба на нови спортски терени. Зголемени се пензиите, зголемена е минималната плата, енормно се зголемени субвенциите, а за разлика од неговиот преходник Црвенковски, Претседателот Иванов даде зелено светло за законот за материјално обештетување на стечајците кои останаа на улица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата – истакна Јанкулоска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



