| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Иванов доследно ги брани националните интереси, што не беше случај со Црвенковски

jankuloska500

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во отвореното студио пред почетокот на митингот во Куманово, изјави дека граѓаните на Куманово знаат дека за разлика од неодговорната локална власт, постои централна власт, која мисли и не се откажува од Куманово.

Таа додаде дека кумановчани се обрќаат до институциите на централната власт за проблемите кои ги имаат, а тие како настојуваат да одговорат на барањата. Додаде и дека најуспешните акции што ги има спроведено Министерството за внатрешни работи, во Куманово се должат на соработката со граѓаните.

Јанкулоска зборуваше и за искуството во процесот на соработка со актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов,

-Задоволство е да се работи со претседателот Иванов. Јас ја имав можноста да бидам министер за внатрешни работи и во времето кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата и можам да направам разлика. Не се сите луѓе исти, не се сите претседатели исти, постои суштинска разлика помеѓу претседателот Иванов, неговата посветеност и желба да му се помогне на секој човек во Република Македонија, доследно да се брани националниот интерес и во земјата и надвор, да се биде меѓу граѓаните секогаш кога времето му го дозволува тоа – истакна Јанкулоска. И додаде дека тоа не било случај со претходниот претседател и неговите советници.

-Како еден Пендароски кој денес претендира да стане претседател, апсолутно не беа заинтересирани за државните интереси ниту за граѓаните. Спроведуваа некоја своја лична политика и имаа некоја своја лична или можеби партиска агенда. Но агендата на Македонија и националните интереси никогаш не се поклопуваше со нивната лична агенда – додаде Јанкулоска.

Таа потенцираше дека во изминатите 5 години, со Иванов на чело на воооружените сили и како претседател на Советот за безбедност имале секојдневна комуникацiја и координација по однос на безбедносните прашања. Истакна и дека секој човек  може само да посака да работи со претседател како Иванов.

-Тој е првиот претседател во Република Македонија за кого слободно можам да кажам дека својот кабинет го пренесе во сите градови и села во Македонија. Тој е секогаш на терен, секогаш е меѓу граѓаните, вратите на претседателската вила се отворени а таа е дом за секој граѓанин во Република Македонија – потенцираше таа.

Јанкулоска се осврна и на негативната кампања која ја води кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски и дека ниту една маректинг и ПР агенција не може да направи друг човек од кандидатот. Најважно е каков човек е кандидатот, додаде таа и истакна дека Иванов е позитивна личност и затоа води позитивна кампања.

-Во изминативе 5 години ја имавме привилегијата да работиме како тим  со претседател кој вистински ја сака сопствената држава, изјави Јанкулоска и додаде дека во периодот кога се бореле за визната либерализација Иванов не штедел ниту време ниту енергија за да ги презентира резултатите на извршната власт, а истата посветеност ја покажал за сите останати поцеси во однос на надворешната политика и промоција на Македонија.

Јанкулоска се осврна и на единството кое го покажувале до сега на надворешен план.

-За секој човек па и за нас кога одиме во држава која малку ја познаваме ако се соочиме со една ситуација каде што претседателот го негира она што го работи власта или Владата го оспорува она што го работи претседателот сосема природно и нормално е кај вас да се јави недовреба, да се јави сомнеж и да ја преиспитувате одлуката која веќе сте ја донеле. Меѓутоа со претседателот Иванов ние функционираме како тим, работиме заедно и создаваме една хармонична слика да го презентираме сето она што е направено во република македонија и за  олеснување на условите за водење бизнис, но и за функционирање на правната држава. Но мислам дека клучот зошто многу странски инвестироти се повеќе се одлучуваат да инвестираат во Македонија, а не во некоја од соседните држави  е токму тоа хармонично функционирање на институциите – потенцираше министерката Јакулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top