
Младата репрезентација до 20 години ја совлада Италија во првиот меч од квалификациониот турнир за пласман на Европското првенство што треба да се одржи во Австрија во август годинава.
Конечниот резултат е 24:22 но тоа не ја одразува реалната слика на теренот. Младите репрезентативци на Македонија има предност во текот на целиот меч , на моменти дури и со 7 разлика а Италијаните ја намалија разликата на два гола во самиот финиш.
Во македонскиот тим најдобри играчи беа Мартин Манасков и Талевски. Македонија утре игра со Грција а во третиот натпревар на домаќинот против Исланд игра во недела.
Според прогнозите токму третиот натпревар против Исланд треба да го донесе победникот во групата кој што се пласира за Европското првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


