| четврток, 6 декември 2018 |

Женска трка во Градскиот парк во Скопје

женска трка

В недела, на 6 април, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи втората женска атлетска трка. Целта на женската трка е превенција од заболувањата кај жените преку активно вежбање, но и привлекување што поголем број жени да се вклучат во некоја од трките на Визер скопски маратон 2014.

Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Трката нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршат трката се победници. Предвидена е лотарија за учесничките и ќе бидат доделени награди од спонзорите.

Поддржувачи и промотори на трката се Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање „Трчаме заедно“, иницијатива за покренување на свеста кај жените за здрав живот преку рекретивно трчање, и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.

Стартот на трката е во Градскиот парк кај Школка. Во 10.30 почнува загревањето со аеробик вежби, а во 11 часот стартува трката. Ќе се трча 1.000 метри, односно еден круг околу Градскиот парк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top