Водечкиот во Светскиот куп и особено доминантниот во слалом сезонава, Марсел Хиршер ги оправда очекувањата и славеше во најтехничката дисциплина на затворањето на СП во алпско скијање во Шладминг. 23 годишниот Австриец до делириум ги доведе 55 илјади гледачи крај целната рамина, кога го задржа водството од првата трка и го потисна на второто место Германецот Феликс Нојројтер кој на крајот имаше дефицит од 42 стотинки. За бронза се избори уште еден домашен скијач Марио Мат колку австриската селекција да докаже дека е водечка ски сила во светот со 8 одличја.
Иако имаше помалку медали, американскиот тим го даде главниот лауреат на шампионатот бидејќи Тед Лигети се закити со 3 злата.
На СП учествуваа 614 алпинци од 72 земји. Меѓу нив беше и Македонија која во денешниот слалом повторно беше претставена од Антонио Ристевски кој не ја заврши трката, па наш најдобар резултат останува неговото 49 место во петочниот велеслалом.
Следното СП во алпско скијање се одржува по две години во Вејл, САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст