| четврток, 6 декември 2018 |

Со малку пари и со многу труд – успехот е неизбежен

Ка­ко ре­зул­тат на вла­ди­ни­те по­ли­ти­ки за на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста, сѐ по­ве­ќе лу­ѓе се охра­бру­ва­ат да поч­нат свој биз­нис пре­ку про­е­ктот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње со кре­ди­ти­ра­ње. Со до­бар про­ект, мно­гу са­мо­до­вер­ба и со мал­ку па­ри од др­жа­ва­та, ус­пе­хот на ли­ца­та што се ре­ши­ле на та­ков че­кор е га­ран­ти­ран. Тие ра­бо­тат, се раз­ви­ва­ат, пла­ни­ра­ат да вра­бо­тат но­ви ли­ца, со што до­пол­ни­тел­но ќе ја на­ма­лат стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност. Со тоа кру­гот на ус­пе­хот и соз­да­ва­ње­то до­бар ам­би­ент за ра­бо­та се за­о­кру­жу­ва

Хра­бро­ста да се поч­не не­што свое е пре­суд­на за отво­ра­ње сопс­твен биз­нис. Но, ни­што од биз­ни­сот ако се не­ма иде­ја и по­че­тен ка­пи­тал за тоа да се ре­а­ли­зи­ра во пра­кти­ка. За да им из­ле­зе во пре­срет на ли­ца­та што ре­ши­ле да поч­нат не­што свое, а и за да ја на­ма­ли не­вра­бо­те­но­ста, вла­ди­на­та по­ли­ти­ка го ос­мис­ли про­е­ктот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње со кре­ди­ти­ра­ње, кој овоз­мо­жи мно­гу ли­ца да се про­нај­дат се­бе­си, сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја, но и да вра­бо­тат дру­ги не­вра­бо­те­ни. Со тоа кру­гот на ус­пе­хот и соз­да­ва­ње­то до­бар ам­би­ент за ра­бо­та се за­о­кру­жу­ва. Пре­ку овој про­ект има мно­гу са­мо­вра­бо­те­ни, но ние из­брав­ме два при­ме­ра, кои нај­ко­ло­рит­но ја прет­ста­ву­ва­ат сли­ка­та на ус­пеш­ност на про­е­ктот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње пре­ку кре­ди­ти­ра­ње.

 

Ekonomija82-1

- Јас сум ре­ла­тив­но но­ва во биз­ни­сот со коз­ме­тич­ки са­ло­ни, со ог­лед на тоа де­ка кре­ди­тот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње го по­диг­нав пред два ме­се­ца. Но, со мно­гу са­мо­до­вер­ба, го­лем про­ект и со мал­ку по­мош од др­жа­ва­та, мо­же да се по­стиг­не мно­гу. По­че­ток ка­ко по­че­ток, се­кој е те­жок би­деј­ќи сѐ уште не­мам ре­дов­ни кли­ен­ти и лу­ѓе­то тре­ба да стек­нат на­ви­ка за да до­а­ѓа­ат по­ма­сов­но, но јас оче­ку­вам ра­бо­та­та да трг­не. Ка­ко и да е, кре­ди­тот од 3.000 евра што го да­ва др­жа­ва­та бе­ше до­бре­дој­ден за да го до­о­пре­мам са­ло­нот за уба­ви­на и за да мо­жам да по­ну­дам раз­ли­чен вид ус­лу­ги. Про­ши­ру­ва­ње­то на по­ну­да­та зна­чи и по­тре­ба од но­ви вра­бо­ту­ва­ња, па имам на­ме­ра да ги иско­ри­стам и суб­вен­ци­и­те за вра­бо­ту­ва­ње кои ги да­ва др­жа­ва­та. На тој на­чин и јас ќе го про­ши­рам биз­ни­сот, а и ќе го на­ма­лам бро­јот на не­вра­бо­те­ни – ве­ли Вес­на Ви­та­но­ва, ко­ја со по­мош на кре­ди­тот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње го отво­ри­ла сво­јот коз­ме­тич­ки са­лон „Вес­на ви­саж“.

Таа не е но­ва во де­лот на во­де­ње при­ва­тен биз­нис, но прв­пат се оби­ду­ва со коз­ме­тич­ки са­лон.

- Прет­ход­но имав бу­тик, но ра­бо­та­та не оде­ше којз­нае кол­ку до­бро, па се ре­шив да ја сме­нам деј­но­ста. Пре­ку ме­ди­у­ми­те доз­нав за кре­ди­ти­те што ги да­ва Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, се ин­фор­ми­рав, из­го­твив про­ект, ми го одо­бри­ја и ги до­бив па­ри­те. Се раз­би­ра, тие не се до­вол­ни, па мо­ра да се ин­ве­сти­ра­ат и сопс­тве­ни средс­тва, но се­ка­ко се фи­нан­си­ско за­јак­ну­ва­ње кое мно­гу зна­чи на по­че­то­кот на се­кој биз­нис. Се­га да­ли ќе ус­пе­ам на­та­му и да­ли ќе се раз­ви­вам, за­ви­си иск­лу­чи­тел­но од ме­не и од ква­ли­те­тот на мо­ја­та ра­бо­та, а јас ве­ру­вам во сво­и­те спо­соб­но­сти – ве­ли Ви­та­но­ва.

 

Ekonomija82-2

За раз­ли­ка од Ви­та­но­ва, ко­ја сѐ уште е та­зе мал сто­панс­тве­ник, Ва­лен­ти­на Здра­вев­ска ве­ќе две го­ди­ни ра­бо­ти во сво­е­то сту­дио за пле­те­ње „Мис Мар­га­ри­да“. Таа во 2012 го­ди­на ап­ли­ци­ра­ла за кре­ди­тот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње.

- Пред да ап­ли­ци­рам за па­ри­те што ги да­ва др­жа­ва­та за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње, ве­ќе имав на­ба­ве­но ма­ши­ни за пле­те­ње, но ми беа по­треб­ни средс­тва за до­ин­ве­сти­ра­ње, од­нос­но до­о­пре­му­ва­ње на ма­ши­ни­те. Та­ка што, па­ри­те што ми беа до­де­ле­ни пре­ку Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње ми се нај­доа за да поч­нам да ра­бо­там. Сту­ди­о­то за пле­те­ње сѐ уште не е раз­ра­бо­те­но ка­ко што тре­ба, но имам сѐ по­ве­ќе на­рач­ки, што да­ва пра­во да мис­лам де­ка ќе би­де сѐ по­до­бро и по­до­бро – ве­ли Здра­вев­ска.

Спо­ред неа, ква­ли­тет­ни­от ма­те­ри­јал и ква­ли­тет­на­та изра­бо­тка се пре­суд­ни во гра­де­ње­то до­бра де­лов­на сли­ка.

- Јас ко­ри­стам нај­ква­ли­те­тен ко­нец од вол­на, па­мук, а и ма­шин­ска­та и рач­на­та изра­бо­тка се со од­ли­чен ква­ли­тет, па лу­ѓе­то ве­ќе поч­наа да ме пре­поз­на­ва­ат и да ба­ра­ат но­ви и но­ви пле­те­ни пар­чи­ња. Се­га ве­ќе имам и на­рач­ки на це­ли се­рии. А, изра­бо­ту­вам сѐ, од ду­ксе­ри, џем­пе­ри, фу­ста­ни. До­бри­от глас за мо­е­то ра­бо­те­ње се пре­не­су­ва од чо­век на чо­век би­деј­ќи сѐ уште не сум до­вол­но моќ­на за да пла­ќам за рек­ла­ми. Но, ус­на­та рек­ла­ма за­се­га вр­ши го­ле­ма ра­бо­та, па се­кој што ед­наш вле­гол во ду­ќа­нот, се вра­ќа по­втор­но и по­втор­но – до­да­ва сопс­тве­нич­ка­та на сту­ди­о­то за пле­те­ње.

Спо­ред неа, ква­ли­те­тот на неј­зи­ни­те изра­бо­тки го­во­ри сам за се­бе, а це­на­та за­ви­си од го­ле­ми­на­та на на­рач­ка­та.

- По­го­ле­ма на­рач­ка зна­чи по­ни­ска це­на, па ве­ќе мо­и­те про­из­во­ди ста­ну­ва­ат се­ри­оз­на кон­ку­рен­ци­ја на увоз­ни­те про­из­во­ди. На при­мер, ќе ми се ја­ви не­кој и ќе ми ре­че де­ка но­си бо­ле­ра од Тур­ци­ја за 600 де­на­ри, ако мо­жам да се про­нај­дам во таа це­на, ќе се снаб­ду­ва од кај ме­не. А, јас сум за­до­вол­на и со 100 де­на­ри ќар, па на­рач­ки при­стиг­ну­ва­ат. Се раз­би­ра, це­на­та за­ви­си од тоа да­ли се ра­бо­ти за уни­кат и рач­на изра­бо­тка ко­га це­ни­те се дви­жат и од 100 до 300 евра, во за­вис­ност од ко­не­цот што е упо­тре­бен. До­кол­ку се ра­бо­ти за се­ри­ја и по­е­втин ко­нец, то­гаш це­на­та е по­ма­ла – до­да­ва Здра­вев­ска.

Таа ве­ли де­ка зго­ле­му­ва­ње­то на обе­мот на ра­бо­та зна­чи и по­тре­ба за но­ви ра­бот­ни­ци, па би ги иско­ри­сти­ла и суб­вен­ци­и­те за вра­бо­ту­ва­ње дру­ги ли­ца, но за да го сто­ри тоа, мо­ра пр­во да се пре­ре­ги­стри­ра во друш­тво со огра­ни­че­на од­го­вор­ност.

- Но, зо­што да не, тоа ќе би­де до­бро и за ме­не и за ли­ца­та што би ги вра­бо­ти­ла. А, имам на­ме­ра да се ши­рам, па ве­ќе имам и ап­ли­ци­ра­но за средс­тва од ИПАРД. Во ос­но­ва, во оваа деј­ност мо­же да има и до 50 вра­бо­те­ни – ве­ли оваа же­на, ко­ја хра­бро га­зи по па­те­ка­та ко­ја са­ма ја тра­си­ра.ѓ

 

Спо­ред Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, ин­те­ре­сот за овој вла­дин про­ект е го­лем.

- Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја пре­ку Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње на РМ од 2008 го­ди­на ус­пеш­но го  спро­ве­ду­ва про­е­ктот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње со кре­ди­ти­ра­ње.  Цел на овој про­ект е да им се овоз­мо­жи по­во­лен кре­дит на за­ин­те­ре­си­ра­ни­те не­вра­бо­те­ни ли­ца, кои са­ка­ат да го ле­га­ли­зи­ра­ат сво­јот не­фор­ма­лен биз­нис или да поч­нат сопс­твен биз­нис. На тој на­чин ќе се отво­рат но­ви ра­бот­ни ме­ста со цел са­мо­вра­бо­ту­ва­ње. Ин­те­ре­сот е го­лем од стра­на на не­вра­бо­те­ни­те ли­ца за учес­тво во овој про­ект, пред сѐ, за­ра­ди мож­но­ста да го ре­шат сво­е­то вра­бо­ту­ва­ње пре­ку отво­ра­ње сопс­твен биз­нис по иск­лу­чи­тел­но по­вол­ни ус­ло­ви.  Со про­е­ктот за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње со кре­ди­ти­ра­ње во пер­и­о­дот 2008-2013 го­ди­на по­диг­на­ле кре­дит 3970 ли­ца, ре­ги­стри­ра­ни се 2480 прав­ни суб­је­кти и 1357 ре­ги­стри­ра­ни ин­ди­ви­ду­ал­ни зем­јо­дел­ци и вр­ши­те­ли на зем­јо­дел­ска деј­ност, а  вра­бо­те­ни се вкуп­но 2972 ли­ца и 1357 ин­ди­ви­ду­ал­ни зем­јо­дел­ци – ин­фор­ми­ра­ат од Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

За иско­ри­сту­ва­ње на по­вол­ни­те средс­тва, Аген­ци­ја­та спро­ве­ду­ва и обу­ка. Ре­чи­си 950 не­вра­бо­те­ни ли­ца што актив­но ба­ра­ат ра­бо­та го­ди­на­ва ќе би­дат обу­че­ни за отво­ра­ње сопс­твен биз­нис во рам­ки­те на про­гра­ма­та „Са­мо­вра­бо­ту­ва­ње 2014 го­ди­на“. Се­кој од нив ќе до­бие и до­на­ци­ја од око­лу 3.000 евра за отво­ра­ње биз­нис, а до­кол­ку вра­бо­ти уште ед­но ли­це, и до­пол­ни­тел­ни 1.500 евра.  За тоа, ка­ко што не­о­дам­на ин­фор­ми­ра­ше ви­це­пре­ми­е­рот за еко­ном­ски пра­ша­ња, Вла­ди­мир Пе­шев­ски, во про­гра­ма­та за ра­бо­та на Вла­да­та за 2014 го­ди­на се пред­ви­де­ни око­лу 3,2 ми­ли­о­ни евра.

Ми­на­та­та не­де­ла офи­ци­јал­но поч­на го­ди­неш­ни­от цик­лус на обу­ки за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње на пр­ви­те 26 учес­ни­ци на обу­ка­та за прет­при­ем­ниш­тво и биз­нис-пла­ни­ра­ње.

Обу­ка­та трае че­ти­ри де­на, а по­се­ти­те­ли­те се поз­на­ва­ат со на­чи­нот на во­де­ње биз­нис и сме­тко­водс­тво, од­нос­но ка­ко се раз­ви­ва биз­ни­сот и се смис­лу­ва иде­ја за биз­нис, за на крај да изра­бо­тат план кој, ако би­де ус­пе­шен, ќе би­де фи­нан­си­ран со 3.000 евра. На нај­до­бри­те 50 пла­на за биз­нис им се ну­ди мож­ност за до­пол­ни­тел­но ед­но вра­бо­ту­ва­ње во рам­ки­те на нив­но­то но­во­фор­ми­ра­но прет­при­ја­тие, од­нос­но до­пол­ни­тел­на фи­нан­си­ска под­др­шка во из­нос од 1.500 евра.

- Ова е еден од про­е­кти­те што има осо­бе­на под­др­шка и за­ла­га­ње од стра­на на Вла­да­та. Во пер­и­о­дот од 2007 до 2013 го­ди­на пре­ку про­гра­ма­та за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње беа фор­ми­ра­ни вкуп­но 5.835 ми­кро­биз­ни­си, што ука­жу­ва де­ка е на­пра­вен зна­ча­ен че­кор во на­со­ка на на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста. Осо­бе­но сме за­до­вол­ни од стап­ка­та на одрж­ли­вост на отво­ре­ни­те биз­ни­си, ко­ја за овој пер­и­од из­не­су­ва око­лу 75 про­цен­ти – из­ја­ви Пе­шев­ски.

Спо­ред не­го, по­да­то­ци­те де­ка 25 от­сто од отво­ре­ни­те ма­ли прет­при­ја­ти­ја обез­бе­ду­ва­ат вра­бо­ту­ва­ње и за тре­ти ли­ца, ка­ко и тоа де­ка се­кое че­твр­то прет­при­ја­тие е фор­ми­ра­но од мла­до ли­це до 27 го­ди­ни, прет­ста­ву­ва­ат до­пол­ни­те­лен пот­тик за Вла­да­та да про­дол­жи да ја зго­ле­му­ва под­др­шка­та за оваа про­гра­ма. За ди­ре­кто­рот на Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, Вла­тко По­пов­ски, цел­та на про­гра­ма­та за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње е да се на­ма­ли не­вра­бо­те­но­ста пре­ку обу­чу­ва­ње и сти­му­ли­ра­ње на не­вра­бо­те­ни­те ли­ца за поч­ну­ва­ње сопс­тве­ни биз­ни­си. Тој наг­ла­си де­ка до­се­га пре­ку та­кви­те обу­ки вра­бот­ли­во­ста е над 80 про­цен­ти би­деј­ќи и дел од тие што ја за­тво­ри­ле ком­па­ни­ја­та се вра­бо­ти­ле во дру­ги ком­па­нии.

Из­ми­на­та­та го­ди­на, во рам­ки­те на два­та цик­лу­си на про­гра­ма­та, око­лу 1.500 ли­ца ја по­се­ти­ле обу­ка­та за прет­при­ем­ниш­тво, при што со по­мош на струч­ни де­лов­ни кон­сул­тан­ти раз­ви­ле идеи за биз­нис. Нај­до­бро­о­це­не­ти­те 930 пла­но­ви до­би­ле со­ве­то­дав­на и фи­нан­си­ски не­по­врат­на под­др­шка за ре­ги­стра­ци­ја на фир­ма и на­ба­вка на опре­ма и ма­те­ри­ја­ли во из­нос од 3.000 евра. Од 2007 до 2013 го­ди­на обу­ка­та за прет­при­ем­ниш­тво и биз­нис-пла­ни­ра­ње ја има­ат по­се­те­но по­ве­ќе од 7.000 кан­ди­да­ти кои се има­ат здо­би­е­но со зна­е­ња од об­ла­ста на ме­наџ­мен­тот, фи­нан­сии, мар­ке­тинг, про­даж­ба и де­лов­но пла­ни­ра­ње.

Про­гра­ма­та за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње се ре­а­ли­зи­ра од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, Аген­ци­ја­та за под­др­шка на прет­при­ем­ниш­тво и Про­гра­ма­та за раз­вој на Обе­ди­не­ти­те на­ции – УНДП.

(Пишува: Александрија Стевковска | Фото: Але­ксан­дар Ивановски
Текст објавен во 82. број на неделникот „Република“, 28.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top