Струшко Мислешево не дозволи, но, сепак, со песна и со интонирање на химната денеска на влезот на општината беше поставено македонското знаме кое се вее на јарбол висок 25 метри. Над илјади жители од сите возрасти излегоа да го поздрават поставувањето на македонското знаме на јарболот.
– Живееме во Македонија и горди сме на македонското знаме кое треба да се вее на македонска територија. Ако некој се обиде да го сруши, спремни сме да поделмие илјада знамиња на секоја куќа – велат жителите на ова село во струшката околина. Тие бараат законите подеднаков да важат за сите, алудирајќи на тоа дека во речиси сите соседни села со албанско население се виорат албанските знамиња.
Општина Струга неодамна донесе решение да се прекине со градба и да се урне постаментот, бидејќи бил изграден без дозвола, а во законот точно пишувало каде треба да се вее државното знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.