Министерството за финансии соопшти дека денеска ја исплати мартовската пензија. На сметките на 285.637 пензионери се префрлени три милијарди и 566 милиони денари. Минатиот месец пензиите беа покачени за 600 денари. Со тоа просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и сега изнесува 12.450 денари.Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на оваа влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.