Фондот за здравствено осигурување на Македонија оваа година во фокусот ја стави превенцијата и како на најдобар начин да бидеме во добра здравствена форма. Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, заедно со својот најблизок тим, ќе учествува и ги поканува сите заинтересирани во што поголем број да се приклучат на хуманитарниот маратон в недела, 6 април, на втората женска трка со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање.
Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а тоа значи и сѐ помалку време за себе, но и време за вежбање, ризикот од заболувања е сѐ поголем. Ние сметаме дека е време да го смениме тој непобитен факт. Почнувајќи сега и тука.
Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел, подигање на свеста на жените дека не е доцна да почнат со активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.