| четврток, 6 декември 2018 |

Бартомеу: Некој сака да ѝ наштети на Барселона

По одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА, со која на Барселона ѝ се забранети трансфери во наредната година, поради тоа што ангажирала странски играчи помали од 18 години, се огласи првиот човек на каталонскиот клуб, Жозе Марија Бертомеу.

– Некој се обидува да ѝ нанесе штета на Барселона. Моментално истражуваме кој е тоа. Прво нѐ обвинуваа за допинг, потоа дека не плаќаме данок, а сега и ова. Ќе видиме кој стои зад тоа и потоа ќе излеземе во јавноста – вели Бартомеу.

Тој додаде деке ФИФА ги казнува за нешто што во Барселона функционира повеќе години.

– Се согласуваме со правилата на ФИФА во врска со заштита на младите играчи. Барселона е тим за пример. Но, огорчени сме поради нивните одлуки бидејќи не казнуваат за нешто што кај нас функционира 35 години. Ние се грижиме за младите играчи и за нивниот развој – вели Бартомеу.

Барселона најави жалба за оваа казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top