Бисерот на Балканот, Македонија, во 2014 година ќе има економски раст од 3 проценти, поголем од соседите Албанија, Бугарија, Грција и Србија, се наведува во најновиот натпис за Македонија во најчитаното американско економско списание „Форбс“.
Вложувањата во иновациите е надежно за иднината на земјата. Авторите на текстот пишуваат дека Македонија со својата природа е вистински бисер на Балканот, местоположбата во Европа ја прави атрактивна за инвестиции, а само тука може да се најде надалеку познатиот охридски бисер, познатите македонски вина и органски чаеви. Неколку пати во американско економско списание „Форбс“, Македонија се опишува како земја што има стабилна фискална политика, за разлика од некои европски економии.
– Трговијата нема ништо заедничко со вредноста на валутата, туку како ја држиш стабилна. Нешто што треба да научат земјите во развој – вели Стив Форбс, сопственик и уредник на магазинот „Форбс“.
Со ниски цени на производство што конкурираат на Кина, вискоквалификувана работна сила како во Индија и местопложба во Европа со пристап на 650-милионскиот европски пазар, Македонија стана прва дестинација за странските инвеститори – пишува во „Форбс“. Најчитаното списание на бизнисмените во САД ја пренесува процената на рејтинг-агенцијата „Фич“, според која Македонија во 2014 и во 2015 година ќе продолжи да бележи зголемен извоз и јавни инвестиции.
Ова е трет натпис за Македонија во списанието „Форбс“ што го читаат сите американски бизнисмени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.