| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија е најдобра земја за живот на тинејџерите

avstralija

Тинејџерите во Австралија имаат многу подобар живот од другите деца на оваа возраст, се тврди во новата студија на „Глобал јут велберинг индекс“, која е изработена на основа на неколку индикатори во 30 земји во светот.

Иако најдобри фотографии и снимки од забави на тинејџери доаѓаат од САД, земјата на соништата е на шесто место.

Австралија ги порази сите земји и според Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања и Меѓународната фондација на младите, оваа земја освои најголем број бодови во истражувањето.

Во студијата се опфатени 30 земји, а вклучени се параметрите како економска можност за младите, пристап кон образованието, здравствениот систем, информации и комуникации и сигурност.

Топ пет држави:

1. Австралија

2. Шведска

3. Јужна Кореја

4. Велика Британија

5. Германија

6. САД

7. Јапонија

8. Шпанија

9. Саудиска Арабија

10. Тајланд

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top