| четврток, 6 декември 2018 |

Текстилни работници примени во болници поради масовна исцрпеност

cambodia-factory-collapse-5

Повеќе од 200 работници во текстилни фабрики во Камбоџа, кои работат за брендовите „Адидас“ и „Пума“, биле примени на лекување оваа седмица поради масовна исцрпеност и бессознание.

Вчера 118 работници паднаа во бессознание во две фабрики и потоа беа примени во болница со растројство и повраќање. Од третата фабрика, 61 работник беше примен во болница со истите симптоми.

Во трите случаи се смета дека причината за исцрпеноста на работниците е неквалитетната храна, која фабриките ја обезбедиле за работниците. Во првиот случај дополнителен фактор било и лошиот воздух во просторот.

Во четврта фабрика 50 работници паднаа во несвест по прскање со отров против инсекти.

Во текстилниот сектор во Камбоџа работат околу 650.000 лица, од кои 400.000 се во фирми на подизведувачи на големи меѓународни трговски марки. Овој сектор е со огромно значење за економијата на Камбоџа.

Синдикатите долго време ги критикуваат условите за работа во фабриките за текстил.

Во почетокот на годината текстилните работници организираа серија протести, кои беа задушени од полицијата и во кои загинаа најмалку четири лица. Тие бараа удвојување на минималната плата на 160 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top