Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, вечерва во с. Зелениково приреди вистински спектакл по повод својот 51. роденден, изненадувајќи ги сите присутни на последниот митинг од неколкуте што ги одржа на овој за него јубилеен ден.
Првично на средбите во Јурумлери, Мралино, Огњанци и Средно Коњари на случајни минувачи им делеше гратиси за точно одговорени прашања, во духот на неговиот шегобиен пристап: „Дали Иванов знае дека ќе загуби од мене?“ и „Каде е златото што го пронашол Иванов и зошто не? Ахахахаха!“. Гратисите беа за последниот настап на трети април закажан во с. Зелениково, а запрашан зошто дели гратиси за средба со граѓаните на неговиот роденден, Пендаровски загадочно намигнуваше и им велеше: „За мене да сум вечер во Зелениково значи да сум твоја зеленика“.
Наместо веќе видената програма на неговите средби со граѓаните, денеска во славеничката атмосфера тој реши да ја отвори душата и на изненадување на присутните изостанаа политичките говори, за разлика од, како и секоја вечер, неговото стоење на бината сосем сам.
Вечерва Стево го фати микрофонот во рака и реши да запее. Отпеа неколку хитови започнувајќи со „Инсиеме“ од Тото Кутуњо, ремиксот на „Едно име имаме (ама ќе се договориме)“, „Бескрајно сум сам, за други постојам“ од Ѓорѓи Крстевски и „И повторно сам“ од Врчак, на која пратечки вокали за рефренот не му пееше никој бидејќи не отстапи од идејата да се појавува сам на сцена, па за време на рефренот за да се пополни празнината имаше забележителен сценски настап правејќи „ѕвезди“ како симбол на социјалдемократијата во Македонија. Атмосферата кулминираше кога Пендаровски сам си се почести со торта со 51 свеќа и ја запеа култната песна на Трајче Манев – „Осамен“.
„Сам сум во ноќта тивка, сонувам со очи отворени….“, ѕвонеше гласот на славеникот кандидат за претседател, додека зелениковците и гостите од Мралино и од Огњанци се прегрнуваа и заигруваа валцер, првпат по новогодишниот концерт во Виена.
После овој несекојдневен музички блок со кој како да сакаше да им ги затвори устите на сите кои тврдеа дека се појавува сам на сите митинзи бидејќи Заев и Шекеринска штеделе на бензин, па затоа не се појавувале, како што нема да се појават на кандидатските листи бидејќи штедат на рејтинг, Пендаровски не пропушти да каже и дел од својата програма како кандидат:
„Не ветив, но исполнив, еве денес, тука во Зелениково, и наполнав 51 година. И ви ветувам дека ќе наполнам 61, 71 и 81 година и ве повикувам, граѓани на Република Македонија, и вие да го направите истото!“, афектно заврши Пендаровски пред да викне такси и да замине за Скопје откако според планираното неговиот превоз замина порано и го остави – нормално – сам.
Неофицијално, Пендаровски инсистира на појавувањето сам на сцена, на пазарче, во двосед на жичара или на пингпонг-натпревар затоа што на ден пред изборите планира да ја искористи фамозната изрека на Глигоров „Не оставајте ме сам“ во надеж дека ќе успее да покрене маса луѓе кои ќе гласаат за него од емпатични причини, како што своевремено тоа го направи првиот претседател на независна Македонија.
Инаку, настапот на Пендаровски средсело доаѓа неполни 48 часа откако победникот на „Икс-фактор“, Даниел Кајмаковски, во своето Мислешево беше пречекан од стотици жители. Дали и Стево размислува за распеана кариера ако се изјалови обидот за да биде осамен во вилата на Водно? Ќе дознаеме по 27 април.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст