Нов Зеланд е социјално најнапредна држава во светот, а Македонија е на 49 место, покажува најновото истражување на организацијата „Social Progress Imperative“.
Во истражувањео на организацијата биле споредени 132 држави во светот на основ на финансискиот раст и износот на Бруто домашниот производ по глава на жител, како и по повеќе од 50 показатели распоредени во три групи: основни човекови потреби, темели на благосостојба и можности.
некои од показателите се: исхрана, основна медицинска нега, пристап до чиста вода, лична безбедност, пристап до основни знаења, пристап до информации, комуникации, одржливост на екосистемот, лични права, лични слободи, право на избор, толеранција и инклузија, пристап до напредно знаење…
По Нов Зеланд, на листата социјално најнапредни земји се Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Канада, Финска, Данска и Австралија.
Меѓу првите дваесет се и Австрија, Германија, Велика Британија, Јапонија, Ирска, САД, Белгија, Словенија, Естонија и Франција.
Македонија е на 49 место, а овој круг се и другите земји од Балканот. Хрватска е на 36 мести, Србија на 41., Бугарија на 44., и Албанија на 48 место. Над педесетото место се Романија, Црна Гора и БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст