| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Милошоски: Никој не помислил на малите општини како тандемот Груевски-Иванов

-Ѓорге Иванов е човек кој го почитува и сака својот народ, затоа и народот го сака и почитува Иванов. СДСМ кога ќе го погледне овој митинг, подобро e уште денес да им биде јасно дека Кичево ќе гласа за Ѓорге Иванов за претседател на Македонија, истакна поранешниот министер за внатрешни работи Антонио Милошоски, на митингот во Кичево, каде беше претставен кандидатот за претседател на Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

-Пред нас имаме еден канидат кој го запознав како професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и додека беше професор направи една голема и добра и значајна работа за Кичево. Тој беше претседател на одборот за акредитација на нови факултети и ја потпиша согласноста дека на Кичево може да има правен факултет. Со овој чин покажа внимание за градот, за младите, за образованието. Никој претходно не помислил толку на помалите општини, како што тоа го направи тандемот Иванов- Груевски.

Како професор, рече Милошоски, секогаш беше ценет и почитуван од студентите, а денес на само меѓу студентите, денес е омилениот претседател на мнозинството граѓани на Македонија. Затоа што покажа дека во политиката може да се остане човек, може да се остане морален и човечен. Иванов знае со нардот да настапува народски и со државниците-државнички.

Милошоски потсети дека Иванов остварил над 200 средби со шефови на држави и Влади, водејќи се од една девиза- Македонија пред се. Според него, токму таков човек како Иванов заслужува да ја води Македонија.

-Бев избран за министер за надворешни работи на 26 август 2006 година. Тогаш на фотељата претседател седеше еден човек кој победи на фалсификувани избори, неговото име е Бранко Црвенковски. Тоа му го озвоможи неговата партија која доби на подарок 3-4 општини во Македонија, а изборниот фалсификат го потпиша и завери сегашниот негов кандидат Стево Пендаровски.

Милошоски направи споредба, бидејќи додека беше министер, истакна дека имал можност да соработува и со тогашниот претседател Црвенковски и со претседателот Иванов кој беше избран 2009 година.

-Ќе ви кажам само еден сучај, тоа беше поднесувањето на тужба пртив Грција пред судот во Хаг. Се консултирав со премиерот, ја договоривме стратегијата, изградивме став и позиција и одлучивме дека треба да поднесеме тужба против Грција. Бев должен да направам консултации со сите министри и политички партии и со Црвенковски кој тогаш ја узурпираше функцијата претседател. Разговорот со него траеше само 20 минути и запамтив 2 работи кои го интересираа- Што ако изгубиме? Јас кажав дека имаме аргументи, добар тим, правна основа и дека може да ја победиме Грција. Втората работа која ја спомна Црвенковски е- Што ако победиме, кое фајде ако ја победиме Грција? Толку му значеше на тој човек на тој политичар таа работа што денес нас ни значи многу. Потоа во 2009 година го избравме Иванов, тужбата и процесот се уште траеја. Тогаш почнавме со рочиштата, каде што имав и обврска и чест да ја застапувам Македонија. И претседателот Иванов, немаше месец, ниту седмица да помине, а да не се јави и да ме викне да се консултираме. Тоа е разликата помеѓу Иванов и било кој друг претседател.

Милошовски подвлече дека против канидатот на Иванов е политички ученик и марионета на Црвенкоски, кој излегува со соло настапи бидејќи никој не сака да настапи позади него.

-Пендаровски не ја залажувајте јавноста. Ако тврдите дека имате капацитет да постигнете национално обединување, прво обединете ги вашите сопартијци, Стевчо Јакоимовски, Радмила Шеќеринска со Наташа Савова и со Тито Петковски. До вчера бевте заедно во кабинет. И како може еден канидат да говори за национално обединување ако прва мета му е премиерот Груевски, кој ужива поддршка од 500 илјади граѓани. Пендаровски нема улога да обединува, негова задача е,ако стане претседател да разединува и да му помага на СДСМ да ја сруши власта зашто тоа не може да го направи на легални изброри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top