– Чест е да се зборува овде, пред овие луѓе зашто знам дека за 11 дена, кога ќе гласа Македонија, кога ќе гласа Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, ќе порачаме дека Ѓорге Иванов останува претседател на Македонија и следните 5 години. Илјадници граѓани на Македонија чувствуваат за Иванов дека тој е пред се човек, порача од говорницата во Берово, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
Тој истакна дека Иванов е човек кој што знае да му даде совет на секој млад човек, знае да прегрне старица мајка на која што и е тешко, знае да му ја стегне раката на секој земјоделец зашто самиот во Валандово има работено на ниви и земјоделие.
– Кој е конкуренцијата, кој е од другата страна, кој сака да го замени? Тие велат Стево Пендаровски е ново лице, свежо лице, европски ориентиран. Јас ќе ви дадам едно лично сведоштво од прва рака пред 10 години. За време на претседателските избори во 2004 година, бев координатор на ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица на потегот Тетово-Гостивар-Дебар, што ми беше прва сениорска функција. Во таа изборна единица беа тогашните општини Шипковица, Зајас, Осломеј, Џепчиште, Брвеница, Јагуновце, рече Ѓорчев.
Доаде дека тогаш во првиот круг имале задача да се натпреваруваат со Бранко Црвенковски и дека со нивниот кандидат Сашко Кедев солидно парирале.
– Првиот круг беше мртва трка, но во вториот круг во таа изборна единица имавме задача да спречиме изборен фалсификат. Стево Пендаровски беше претседател на државната изборна комисија. Изборите во вториот круг до 12 часот течеа како што трева, но тогаш кога видоа дека ги немаат бројките и Црвенковски не може да биде избран за претседател, започна масовниот фалсификат. На стотици избирачки места, кутии, почнаа да ги тераат нашите набљудувачи, да ги бркаат членовите на избирачките одбори, се репетираа пиштоли и калашњикови, жени беа влечени за коса, имавме 20 претепани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а Стево Пендаровски ни кажа дека тоа се фер и демократски избори. Тоа ли е ново лице, свежо лице, тој ли ќе ни продава европски вредности, тој ли ќе зборува за демократија? Не, за демократија ќе зборува Ѓорге Иванов, еден за сите, државата пред се, посочи Ѓорчев.
Таа 2004 година,нагласи тој, кај Мостар падна авионот на покојниот претседател Борис Трајковски, нагласувајќи дека Ѓорге Иванов е како него-непосреден, дек Иванов гради мостови и пријателства за Македонија.
– Чест е да се зборува овде, пред овие луѓе зашто знам дека за 11 дена, кога ќе гласа Македонија, кога ќе гласа Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, ќе порачаме дека Ѓорге Иванов останува претседател на Македонија и следните 5 години. Илјадници граѓани на Македонија чувствуваат за Иванов дека тој е пред се човек, порача од говорницата во Берово, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
– И тој беше критикуван од Иванов од истите оние што денес критикуваат. На 26 фебруари се случи тогаш, а во април беа изборите. Стево Пендаровски го верификуваше Бранко Црвенковски за претседател. Ние дадовме стотици приговори и ниту еден не беше прифатен од Државната изборна комисија. Што следуваше после тоа? Следуваше територијалната поделба и нови граници на Скопје, Кичево, Струга. Сте тоа беше делото на Црвенковски и Пендаровски. Тогаш, кога почнавме да вртиме во полицијата кога ги тепаа нашите членови и ги бркаа, одговорот беше дека ништо нема да преземат. Министер за внатрешни работи беше Хари Костов, а заменик-министер Фатмир Дехари, кој денес е градоначалник на Кичево, кој минатата година во еден говор ни порача од Липково преку Скопје, од Скопје преку Тетово, од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Кичево, од Кичево до Струга. Тој Фатмир Дехари беше заменик министер на полицијата, Хари Костов беше министер за внатрешни работи, а Стево Пендаровски претседател на ДИК, а Бранко Црвенковски го оркестрираше тој фалсификат. Не се тоа нови лица, потенцираше Ѓорчев.
Тој од Берово порача сите на 13 април масовно да излезат и да ги одбранат државните и националните интереси на Македонија
– Сакам да ви порачам да излеземе масовно на 13 април да кажеме не на бојкотите и на уцените туку да го избереме претседателот и врховниот командант на армијата на РМ, државник Ѓорге Иванов. Да ги одбраниме државните и националните интереси на Македонија, да ги одбраниме економските интереси на Источна Македонија, и на 13 и 27 април да ја биеме битката заедно со Никола Тодоров, уште еден син на Источна Македонија, негревски зет, порача Ѓорчев на митингот во Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


