-Јас нашиот претседател Иванов го познавам и како професор и како претседател и како човек. Како професор д-р Ѓорѓе Иванов беше и остана омилен меѓу студентите пренесувајќи им ги сите знаења, сакајќи да го надминат. Го познавам и како претседател како човек кој неуморно и постојано се бореше за подобрување на состојбата во Република Македонија на секој план, изјави министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, НиколаТодоров од говорницата во Берово.
-Го познавам како човек кој што ги поддржуваше реформите, како човек кој ги поддржа законите со кои се овозможи изградба на автопат кон Источна Македонија, законите со кои што се овозможи намалување на цените на лековите и законите со кои што се овозможија други бројни инвестиции во развојните зони во Република Македонија, во зоните во кои што се привлекуваа директни странски инвестиции. За прв пат во Македонија се отвараат фабрики, тоа порано во Македонија не беше случај, во Македонија порано се затвараа фабрики, рече Тодоров.
Тодоров посочи дека го познава претседателот Иванов и како искусен државник, кој што се сретнал со најголемите светски државници.
– И кога се среќаваше со нив без разлика дали беше во Вашингтон, во Брисел, во Пекинг, во Токио, во Москва, тој секогаш на прво место ги истакнуваше македонските интереси. Ја истакнуваше потребата од привлекување на инвестиции, се обидуваше со сите сили да ги отвори вратите за странските инвестици, да овозможи пробив на странски капитал во Македонија и пробив на македонските призводи во странство и да помогне извозот на македонските производи, посочи Тодоров.
Иванов, рече Тодоров, го познавам и како човек кој сочувствува со секој граѓанин и знае да го ислуша секој проблем на граѓаните, и како човек кој прими во својот кабинет повеќе од 5.000 граѓани.
-Од другата страна има политички конкурент господин Стево Пендаровски, кој што ни го продаваат како ново лице. Не, Стево Пендаровски не е ново лице, тој е човек на Бранко Црвенковски, и Црвенковски се обидува преку него да инсталира свој човек на најважната функција во државата, рече Тодоров пред беровчани.
Пендаровски, нагласи, е истиот човек, кој што го конвалидираше изборниот фалсификат во 2004 година како претседател на ДИК.
-Тој е човекот кој што денеска го гледаме со наменска изборна насмевка, со наменски изборен добар збор. Ако имате сомнеж во ова помислете дали секогаш Стево Пендаровски оди да му ги чистат кондурите и остава по 1.000 денари секој ден. Не, тоа го прави за избори го прави за да се додвори на граѓаните и да стане претседател како неговиот ментор Бранко Црвенковски. Таков претседател не и треба на Македонија, посебно не заради тоа што вели дека ќе бил претседател и немало да соработува со Владата или ќе кочел определени проекти на Владата. Кои проекти ќе ги кочи, дали законите со кои што се овозможуваат субвенции, ќе го кочи буџетот со кој што се овозможува испалта на стотици милиони евра за субвенции, стипендии, за социјална помош и за пензии. Човек кој што терба да направи раздор во државата или човек кој што треба да помогне да ја свиткаме кичмата. Не и тереба на Македонија таков човек за претседател, рече Тодоров.
Во овие моменти, една политичка партија ДУИ, води активна јавна кампања дека претседателските избори не треба да успеат и дека во Македонија не треба да се избере претседател, посочи Тодоров.
– Тоа ние нема да го дозволиме, тоа нема да помине. Ќе се спротивставиме на демократски начин, како што им доликува тоа на македонските граѓани на суверена, независна и самостојна Македонија, истакна тој.
Тодоров додаде дека со масовна излезност на 13 и 27 април македонските граѓани ќе покажат дека размислуваат разумно и ќе гласаат за актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана


