Градоначалникот на Струга Зијадин Села изјави дека лидерот на ДПА Мендух Тачи не може да го исклучи од партијата, објави „Вест“.
-Тачи не може да ме исклучи од партијата, а ако изгуби на овие избори, јас очекувам да си поднесе оставка, рече градоначалникот на Струга Зијадин Села на вчерашната прес-конференција.
Тој рече дека струшкиот разгранок останува во ДПА, но во предизборието партиски активности ќе останат замрзнати.
Караницата меѓу Села и Тачи се случи поради носителот на пратеничката листа на ДПА во петтата изборна единица Зија Јонузи.
Поради одбивањето да го прифати Јонузи за носител на 5. изборна единица, градоначалникот на Струга Села и претседателот на струшкиот разгранок Лавдерим Елмази беа исклучени од ДПА, по наредба на лидерот Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


