– Тоа што сега го правиме како дополнителен напор е да се издејствува откупните комбинати да потпишат договори со тутунарите во согласност со договорот што го постигнавме пред десетина дена – истакна Ставрески.
Според него, државата нема да ги остави тутунарите сами да се соочуваат со проблемот.
– До крај ќе инсистираме да се почитува тоа што го ветија откупните претпријатија, дека ќе се потпишат договори со сите тутунари што имале договори во 2013 година со количествата што ги утврдивме на тој состанок – нагласи Ставрески.
По вчерашниот последен состанок со откупувачите вицепремиерот очекува деновиве да се интензивира потпишувањето на договорите со тутунопроизводителите за новата реколта тутун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



