Шестмина косовски Албанци се уапсени во Приштина, осомничени дека планирале терористички напади на Косово и Метохија, како и да ѝ се приклучат на Ал Каеда во Сирија, пренесува „Срна“ повикувајќи се на косовската полициска служба.
– Оваа група, која била уапсена вчера, планирала да ѝ се придружи на терористичката организација Ал Каеда во Сирија – велат од полицијата.
Четворица биле уапсени на аеродромот во Приштина, а уште двајца во две одделни акции.
Уапсените се жители на Гњилане и Приштина. Одреден им е двомесечен притвор, а случајот е предаден на меѓународниот јавен обвинител. Неодамна во Ирак косовскиот Албанец, Блерим Хета, од Гњилане изведе самоубиствен терористички напад во кој загинаа 52 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


