| четврток, 6 декември 2018 |

Со имитација Теренс Рос до титулата НБА забивач

Победници во предходната ноќ во Хјустон беа и Демиен Лилард во вештини, Кајри Ирвинг во шутирање тројки и Бош, Кеш и Вилкинс на шутинг старс натпреварот

Дебитантот на Торонто Теренс Рос го изведе, веќе виденото забивање со кое Винс Картер уште пред 13 години дојде до престижниот статус на Ол Стар мечот и ги придоби жирито и гледачите во Хјустон. На натпреварот на сите кошаркарски ѕвезди што се одржува во Тојота центарот крилото Рос  до титулата најдобар „забивач“ дојде во директен дуел со ланскиот победник Џереми Еванс од Јута и со 58 отсто поддршка од публиката за скокот преку човек.

Во шутот за три поени најдобар беше Кајри Ирвинг од Кливленд кој во финалната серија  даде 23  тројки, а Мет Бонер од Сан Антонио 20. Во екипниот натпревар (шутинг старс предвидува шутеви од повеќе позиции на трио: активен играч, ветеран и кошаркарка) победија Крис Бош, Свин Кеш и Доминик Вилкинс, а во натпреварот во вештини најбрзо низ препреките мина Демиан Лилард од Портланд.

Вечерва во Хјустон во кулминацијата од Ол старот, се игра 62. меч Исток-Запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top