| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно, втор дел на „Певај брате“ во Универзална

Откако 15 пати ја наполнија Универзална сала со првиот дел, Милан Калиниќ, Андрија Милошевиќ и Милан Васиќ во втор дел ја раскажуваат приказната за поп и за рок-музиката во време кога царува фолкот. Во Белград веќе се случи премиерата. На ред е Скопје. По цели две години, „Певај брате“ повторно во Универзална сала.

Влезниците за премиерата на 7 мај ќе бидат пуштени во продажба уште утре во продажната мрежа на „Купи карти за сè“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ во „Веро 2“, „Камарад“ во „Рамстор“ и на касата на Универзална сала. Цената на влезниците е од 400 до 600 денари.

Темата на овој втор дел од приказна „Певај брате“ е „Евровизија“. На врвот од Европа ќе ве однесат сега веќе добро познатите Маријан, Горан и Урош. Тројцата музичари заминуваат на „Евровизија“, која, според сценариото на Стеван Копривица, ќе се случи во Албанија. На ова престижно музичко натпреварување ги испраќа мнозинството гласови од Општина Србија. Во оваа приказна трите мали човечиња урнебесно смешно се обидуваат да се снајдат некаде помеѓу европските правила и нивната дисциплина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top