| четврток, 6 декември 2018 |

Извештај за работата на седмиот парламентарен состав јуни 2011 – март 2014 година

sobranie-na-rm-640x360

Службата на Собранието на Република Македонија го подготви мандатниот извештај за работата на седмиот собраниски состав за периодот 25 јуни 2011 – 5 март 2014 година.

Во овој период парламентарците одржале 87 седници, од кои 52 работни, 22 седници за поставување пратенички прашања, седум за обраќање на претседателите на парламенти на други држави и меѓународни организации, тригодишни обраќања, две одбележувања, и тоа на 20-годишнината од независноста и одбележување на 20-годишнината од донесувањето на првиот Устав на самостојна, суверена и независна Република Македонија, како и една комеморативна седница.

Времетраење на сите 87 одржани седници е 318 дена или 1.975 часа. Најдолга седница по денови бил 26-та, која траеле 19 работни дена, односно 122 часа и 15 минути, додека најдолга во континуитет била 34. седница, која траела 13 часа и 15 минути (од 11:25 часот, понеделник, до 00:40 часот, вторник). Најкратка седница била 73. седница која траела 10 минути.

На пленарните седници се разгледани вкупно 1.910 точки, од кои 1.488 закони, 251 одлуки, една декларација, две уставни измени, 11 информации, осум програми, 65 извештаии, 17 планови, четири интерпелации, 53 автентични толкувања, три завршни сметки, 4 стратегии, една измена на Деловник и два заклучоци.

На дневен ред биле 1.488 закони. Донесени се 907, не се прифатени 54. Во прво читање 504, повлечени 16, недонесени три и неразгледани два закони. Најмногу закони биле разгледани на 85. седница, вкупно 131 закони.

Од 907 донесени закони на 888 предлагач била Владата на Република Македонија, на 19 биле пратениците.

Во истиот период вкупно се донесени 246 одлуки, од кои 13 на предлог на претседател на Влада, 30 на предлог на пратениците, два од претседателот на РМ, осум од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, 19 на предлог на Владата, 97 на предлог на Комисија за прашања на избор и именувања, два на верификационата комисија, една на претседател на Собрание и 74 од други овластени предлагачи.

Поднесени се вкупно 5.699 амандмани, од кои 5.448 од пратеници, 251 од Комисии. Усвоени се 1.043 амандмани, неусвоени 4.158, а повлечени 498.

На 22 седници за пратенички прашања биле поставени вкупно 427 прашања, од кои од областа на  политичкиот систем 158, за економски систем 153 и од областа на јавни дејности 116 прашања.

Како што соопшти Кабинетот на Собранието на Република Македонија, за подготовка на Извештајот се користела стандардна методологија и тој претставува своевидна синтеза на поединечните годишни извештаи во изминатиов мандатен период. Содржината на Извештајот е достапна на линкот http://www.sobranie.mk/godishen-izveshtaj.nspx.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top