Кошаркарите на Црвена звезда остварија голема победа во првиот меч од полуфиналето на Еврокупот откако ја совладаа екипата на Уникс Казан со 63-52, па на реваншот во Русија одат со 11 поени предност.
Три четвртини имаше неизвесна игра, но во последниот дел од натпреварот домаќините дојдоа до серија од 11-0 благодарение на добрата одбрана. Русите во последната четвртина успеаја да постигнат само 4 поени.
Најефикасен во домашната екипа беше Јака Блазиќ со 15 поени, а веднаш зад него беше Катиќ со 14 поени, со двоцифрен број поени натпреварот го завршија Драгичевиќ и Џенкинс.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од трибините ги бодреше „црвено-белите“ против Уникс. Ѓоковиќ пристигна во Белград по одличните изданија во Северна Америка, каде што ги освои турнирите во Индијан Велс и во Мајами.
Во вторникот се одигра првиот дуел од втората полуфинална пресметка. Валенсија на домашен терен го победи Нижњи Новгород со 84:75.
Реваншите се закажани за 9 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст