
Нови луѓе, нови политики, нов почеток се трите постулати на кој е покрепена претседателската кандидатура на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ. Од кумановци тој побара поддршка за да им се посвети на најгорливите проблеми, кои Пендаровски ги лоцира во економијата, демографијата и демократијата.
Тој истакна дека нема да ги дели стечајците, ќе им биде посветен на решенија кои ќе им донесат перспектива на младите. Квалитетот и знаењето а не партиската книшка, мора да бидат единствените услови за вработување.
Пендаровски објави дека доколку биде избран, ќе биде првиот политичар што нема да има обезбедување, бидејќи, како што рече, има мирен сон и никому во животот не му згрешил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


