| четврток, 6 декември 2018 |

Вечното кошаркарско дерби за МЗТ Скопје

Todor Geceski 08 (Custom)

Во вечното кошаркарско дерби МЗТ Скопје Аеродром со 76-72 го победи Работнички во првото коло од Суперлигата во драматичен во СРЦ „Борис Трајковски“.

Со овој триумф „аеродромци“ ја почнаа битката за третата шампионска титула. Првата четвртина им припадна на МЗТ Скопје, а на полувреме заминаа со предност од 41-36. Во последната четвртина Рабтонички успеа да се доближи  резултатски, а во самиот крај Јане Петровски не го реализираше храбриот шут за три поени и победникот беше јасен.

Најефикасни кај победникот беа Стефан Синовец со 24 поени и Александар Цветковиќ со 16. Кај Работнички Красиќ запишаа 22 , пред Соколов со 11.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top