
Денеска во Хрватска е уапсена висока функционерка на владејачката Социјалдемократска партија (СДП) под обвинение за корупција.
Марина Ловриќ Мерзел утрово е приведена од полицијата, а од нејзиниот стан биле одземени неколку регистри со документи. Хрватскиот премиер и лидер на СДП, Зоран Милановиќ изјави дека засега не може да го коментира случајот.
– Додека не биде поднесено официјално обвинение и не дознаам одредени детали, ние не знаеме доволно за да коментираме, додаде Милановиќ.
Медиумите објавија дека против Мерзел била водена истрага за злоупотреба на јавни фондови. Претходно таа ги отфрли сите обвинувања како „монструозни лаги“, а нејзиниот адвокат истакна дека се уште не зборувал со својот клиент и не знае за што точно е обвинета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


