Во триесетина населени места во земјава со заеднички средства на центаралната и на локалната власт се изведуваат проекти за изградба на канализациски систем. Инвестицијата е вредна 175.000 евра. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска заедно со градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, изврши увид на градежните активности за канализациски систем во неготинското село Тремник.
Министерот потенцира дека овој проект е едно од ветувањата во програмата и оти досега работите добро се одиваат.
– Во согласност со утврдената динамика, изградбата се состои во три дела. Првиот дел е канализациска мрежа во селото, вториот дел е колекторски систем и на крај пречистителна станица по која пречистените води треба да завршат во реката Вардар – изјави министерот Јанакиески.
Тој додаде дека станува збор за одличен проект кој, всушност, бил главно барање на населението во Тремник кое досега користело септички јами кои се нееколошки.
Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, истакна дека со овој проект се затвора проблемот со канализацијата во селото во кое живеат околу 1000 жители во 250 куќи.
На новинарско прашање зошто ски-центарот Кожуф е без услови за работа, министерот рече дека станува збор за приватна инвестиција и дека развојот е во надлежност на приватниот инвеститор.
– Владата тука веќе изгради пат кој го одржува „Македонија пат“ – додаде министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Изградени 3 340 метри фекална и атмосферска канализација во населба Драчево
-
На плажа пукна цевка од канализација: Капачите советуваат не отворајте уста додека пливате ќе ви влезе го*но в уста! (видео)