| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Срѓан Тодоровиќ наскоро ќе стане татко

Srdjan-Todorovic-8_resize

Познатиот актер и неговата сопруга Ана го чекаат своето прво дете, а радосната вест ја објави, актерската легенда и татко на Срѓан, Бора Тодоровиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, веста за новиот член на актерското семејство, ја открија идниот дедо Бора Тодоровиќ и неговта сестра и колешка, Мира Ступица.

Славниот актер и татко на Срѓан не сакал да открива премногу детали за да не баксузира, туку само потврдил дека неговото семејство станува побогато за уште еден член во наредните два месеца, додека Мира додала дека целото семејство е пресреќно.

– И Боро и јас сме пресреќни. Не е важно дали е момче или девојче, важно е детето да е живо и здраво и убаво како мојот Срѓан – изјавила Ступица.

Срѓан и Ана се во брак од 2004 година, а бебето кое наскоро ќе дојде на свет е нивно прво дете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top