Коалицијата на невладини органзации „Боите на животот“ ги повикуваа сите граѓани, институции и организации и политички партии да го обележат Светскиот ден за подигање на свесноста за Аутизмот.
-Да го означиме овој ден со носење на сини маици, означување на сина боја на нашите излози, станови, интерент страници, или едноставно со палење на сијалица со сина боја со цел да се потенцира оргомниот раст на оваа болест која води кон една нова здраствена криза. Обединетите нации го воспоставуваат овој ден – 2 април, како еден од четирите официјални здраствени теми со цел да се подигне свесноста за оваа болест кај луѓето, да се слават талентите и вештините на лицата со аутизам во целиот свет.
Коалицијата на невладини организации „Боите на животот“ ги повикува одговорните министерства и институции да отворат нови можности за унапредување на здравствената состојба на оваа група лица, подобрување и зајакнување на едукација на населението и на медицинскиот персонал со цел рана детекција на овие лица во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.