| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во српското МНР – синови и внуци работат во дипломатијата

srbija zname

Во српското Министерство за надворешни работи има најмногу вработени во сродство или во пријателски односи со дипломати и јавни личности, објави српски „Блиц“.

Таа пракса почната пред години, ја продлжува и актуелниот министер Иван Мркиќ.

Речиси и да нема лице кое во изминатите 15 години во Министерството дошло преку конкурс благодарение на своите референци од биографијата.

Меѓу вработените, како што дознава весникот, се внукот на писателот Добрица Ќосиќ, Никола, Данко Јовановиќ, син на поранешниот амбасадор на Србија во ОН, Владислав Јовановиќ како и Ратомир Миликиќ, син на Лилјана Недељковиќ, поранешна шефица на Кабинетот на Воислав Коштуница, кој е заменик амбасадор во Стразбур.

– На пример, синот на Владислав Јовановиќ е примен без конкурс за време на мандатот на Мркиќ и сега оди на служба во Женева – вели изворот од МНР.

И останатите дипломати воделе сметка за своите најблиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top