Пилотите на германската компанија „Луфтханза“ стапија денеска во тридневен штрајк, поради што авиокомпанијата откажа 3.800 летови, што ќе
создаде проблеми за околу 425 илјади патници.
Овој прекин на работата би можел да биде еден од најголемите штрајкови во историјата на „Луфтханза“.
Синдикатот, кој ги застапува правата на 5.400 пилоти, го организираше штрајкот поради неисполнување на барањата да се задржат постоечките правила во врска со нивното пензионирање.
Портпаролката на авиокомпанијата Барбара Шедлер денеска го повика синдикатот на нова рунда разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.