| четврток, 6 декември 2018 |

Кики заврши во болница

Лидерот на „Пилоти“ и дел од жирито на „Икс-фактор“ Кики Лесендриќ завчера завршил во болница, откако паднал во несвест работејќи во неговото студио.

Лесендриќ прво почувствувал омалаксаност и вртоглавица по што паднал во несвест, а членовите на групата веднаш реагирале, повикале Брза помош и тој бил пренесен во болница.

– Кики навистина се исплаши. Сѐ беше стресно, бидејќи работиме со полна пареа и немаше никакви знаци дека ќе му се слоши. Одеднаш падна и го однесовме во болница каде што остана неколку часа – изјавил за „Ало“ сведок на настанот.

Тој додал дека здравстената состојба на Кики во последно време е загрозена, бидејќи се подготвува за концертите и нема време да се одмори.

– Притисокот му е многу низок, а лекарите кажаа дека се работи за хроничен замор и исцрпеност. Прими неколку шишиња инфузија и поврати се. Мораше да одлежи два дена во болница – вели истиот извор.

kiki

– Бев преморен. Сега сум добро. Притисокот драстично ми падна. По „Икс-фактор“ продолжив напорно да работам. Во тек е нашата турнеја, па одам од свирка на свирка, од едно на друго снимање. Сега сѐ е под контрола, така што нема причина за грижа – изјавил Кики.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top