
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“ Марк Цукеберг, побара неговата годишна плата да се огранични на еден долар. Тој има плата од 503.205 долари.
Како наведуваат американските медиуми, негова цел е на тој начин да го намали јазот што постои меѓу најниските и највисоките плати во компанијата. Оваа пракса ја воведе некогашниот прв човек на „Ејпл“, Стив Џобс, за да се солидаризира со останатите вработени во компанијата.
Цукерберг во 2013 година заработи 3,3 милијарди долари најмногу поради тоа што компанијата се појави на берза.
Откако во 2013 година продаде 60 милиони општи акции по цена од шест центи, тогаш тој ги искористи сите опции на акции на фејсбук.
Во декември минатата година тој продаде 41,35 милиони акции по цена од 55,05 долари по акција, првнеството поради плаќање данок на добивка. Тоа беше втора година по ред Цукерберг да оствари добивка на акциите кои ги поседува во Фејсбук, а минатата година од продажба на опциите на акциите заработил вкупно 2,3 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


