| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватскиот јавен долг достигна 67 проценти од БДП

Croatia-Flag-desktop

Јавниот долг на Хрватска кон крајот на минатата година изнесуваше 219,4 милијарди куни, односно 29 милијарди евра и достигна 67 проценти од БДП, што е за 11 отсто повеќе отколку кон крајот на 2012 година, соопшти Храватската народна банка.

Во изминатата година јавниот долг е зголемен за 36,1 милијарда куни, а кон порастот придонела и домашната и странската компонента.

Внатрешниот долг на државата кон крајот на минатата годна изнесувал 139,4 милијарди куни, што е речиси 19,5 милијарди повеќе, отколку кон крајот на 2012 година.

Странската компонента на долгот е зголемена за 16,7 милијарди куни, на нешто повеќе од 80 милијарди.

Доминантен удел од речиси 98 отсто во јавниот долг има државата, чијшто долг на крајот на 2013 година изнесувал 214,8 милијарди куни, што е 35,4 милијади повеќе, отколку во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top