| четврток, 6 декември 2018 |

Силиконската кралица осудена поради проституција

Силиконската кралица Тијана Ѓуричиќ завчера беше осудена од страна на прекршочниот суд во Белград за ангажирање во проституција.

Како што дознава српски „Блиц“ од извори блиски до истрагата, Тијана вчера во доцните попладневни часови се одзвала на повикот на полицијата и во полициската станица бил направен информативен разговор.

По изјавите на сведоците, Тијана беше осудена поради проституција и казнета со парична казна од 40.000 динари (350 евра).

Основниот суд дополнително ја казни силиконската кралица со 10.000 динари за фиктивна адреса. Таа беше ослободена од полициската станица околу 21 часот. Тијана има право на жалба во рок од 8 дена.

23-годишната Тијана има потрошено околу 10.000 евра на пластични операции кои буквално ѝ го проименија личниот опис, по што стана позната како силиконска кралица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top