– Се сеќавам пред пет години кога беа поплавите тука кога беше мачно да се гледа овој крај – срушени мостови, напуштени полиња, патиштата запоставени. Сега веќе почнува изградба на автопат во источна Македонија. Сите регионални патишта се поправени – изјави Иванов.
Останува многу да се сработи. Многу треба да се работи. Но, за овие пет години покажавме кога се работи тимски, кога се работи заедно. Кога имаат ист глас и претседателот и премиерот, и министрите и пратениците, и градоначалниците, Македонија напредува. Видете ја само источна Македонија од 2006 година до денес, кога дојде една млада гарнитура во Македонија на чело со Груевски. Ги поддржувам затоа што си ја сакаат Македонија. Затоа што се посветени на Македонија,“ изјави претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов во Радовиш и додаде:
– Се сеќавам пред пет години кога беа поплавите тука кога беше мачно да се гледа овој крај – срушени мостови, напуштени полиња, патиштата запоставени. Сега веќе почнува изградба на автопат во источна Македонија. Сите регионални патишта се поправени. Селските патишта се прават. Секаде се прават училишта, се гради. Требаше многу многу да се направи за ова да го имаме. Многу реформи требаше да се направат, многу закони требаше да се донесат. Да се создаде амбиент економијата во Македонија да расте. А кога расте економијата, се расте во државата. Растат и платите, растат пензиите, растат и субвенциите, растат и стипендиите. Се расте во државата. Е тоа е резултат на успешна политика кога се работи тимски, кога се работи со посветеност за Македонија – потенцираше Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


