| четврток, 6 декември 2018 |

Трајанов: Иванов ги поттикнува младите да се занимаваат со наука и претприемништво

Деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов во денешното отворено студио пред почетокот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, зборуваше за неговото искуство во соработката со претседателот Иванов, во однос на проектите кои ги поттикнуваат младите да се занимаваат со наука и претприемаштво.

-Она што сакам да го нагласам, а што е во програмата на претседателот Ѓорге Иванов, се неколку работи кои се однесуваат на работите кои што мене ми се битни и значајни, а тоа е пред се образованието. Има неколку работи кои на почетокот морам да ги споделам, можеби да почнам како некое искуство од досегашната соработка со претседателот на ова поле. Во изминативе неколку години, неколку пати се сретнавме и заедно соработувавме во неколку проекти. Еден што се случуваше сега пред неколку недели е беше проектот „Најдобар млад научник“, истакна Трајанов.

Тој додаде дека тоа е една извонредна идеја, на поттикнување на младите научници како овогодинешниот награден млад научник Петар Стојанов. А тоа е и доказ дека во државата имаат потпора да она што го прават е забележано и наградено во Македонија. Уште еден значаен проект според деканот Трајанов е и поттикнувањето на претприемништвото.

-Претприемаштвото значи храброст да се почне нешто за кое не сте сигурни дека ќе успее, тоа значи превземање на ризик, верба и вистинска борба и посветеност да пробате она што вие мсислите дека е добро и дека решава некој проблем да го направите. Тоа воопшто не е лесно, тоа бара луѓето да го сметант начинот на размислување. Она што мене посебно ми е драго, е што претседателот го промовира тоа нов начин на размислување, а тоа е промовирано и од Владата, додаде тој.

Целосното гостување на деканот Трајанов во отвореното студио погледнете го во видеото во продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top