Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов, на отвореното студио пред почетокот на митингот зборуваше за неговото искуство и соработката која ја имаа остварено со министрите, Владата, претседателот, за инвестициите во инфраструктурата, за реформите и промените во општината, како и за тековните и актуелните пректи.
-Радовиш е општина која во 2014 година ќе добие технолошко-индустриска развојна зона благодарение на целокупната поддршка која што ја имаме и од претседателот Иванов и од премиерот Груевски, потенцираше Николов.
Тој додаде дека токму таа индустриска зона ќе значи нови можности за граѓаните, но и за општината Радовиш.
Градоначалникот се осврна и на важноста на автопатот Миладиновци-Штип, во однос на развојот помалите места во Македонија.
-Сите овие проекти кои ги реалзира генерално Владата на Македонија, одат во насока да се подобри живеењето на граѓаните на Македонија, а во случајов на граѓаните на општина Радовиш. Јас мислам дека како и до сега и во наредниот период ќе ја имаме таа поддршка во секој сегмент на нашето функционирање, додаде тој.
Гостувањето на градоначаникот на Радовиш во отвореното студио може да го погледнете во видеото во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево